Старлетата Станија одамна призна дека ги корегирала градите кај естетски хирург, а сега проговори и за другите зафати кои ги имала со желба да изгледа како што замислила.
-Најчестите прашања на девојките и жените кои ги добивам се за тоа како имам таков струк и затегнати стомачни мускули, за режимот за исхрана и естетската хирургија.Главно прашуваат каде сум ги правела усните, градите, дали задникот ми е природен или не. Бидејќи не можам да одговарам на сите поединечно, еве. Одамна ги направив градите, совршено се направени за мојата висина и градба, а причина за тоа е да не морам повеќе да носам потпунки и конечно да облечам фустан со гол грб. Одлуката за тоа многу ми ја крена самодовербата-рекла Станија.
-Задникот ми е природен, отсекогаш бил поголем, а за да остане кренат и обол заслужен е мојот труд, работа и пот. Стомачните и струкот исто. Следно, усните. Откако нив ги направив целото лице доби поегзотичен изглед и жал ми е што не ги напрвив порано. Направени се по мерка, со хијалурон. Последниот мој естетски зафат се подочниците-додала Станија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.