- Масакар во тексас со моторна пила 3Д – Texas Chainsaw 3D
Жанр: хорор
Режисер: Џон Луенсенхоп
Сценарио: Адам Маркус, Дебра Саливен
Улоги: Александра Дадарио, Таниа Рејмонд, Скот Иствуд
Премиера: 4 јануари
Една млада жена патува во Тексас, таму треба да добие наследство. Но, таа се уште не знае дека средбата со моторната пила-убиец е дел од наградата…
- Темна вистина – A Dark truth
Жанр: трилер
Режисер: Дамиан Ли
Сценарио: Дамиан Ли
Улоги: Енди Гарсија, Ким Каутс, Дебора Кара Анџер, Ева Лонгорија
Премиера: 4 јануари
Поранешен оперативец на ЦИА е поканет да гостува во едно политичко ток-шоу каде што всушност треба да прекрие еден масакар што се случил во едно село во Јужна Америка…
- Гангстерската бригада – Gangster squad
Жанр: акција
Режисер: Рубен Флајшер
Сценарио: Вил Бил, Пол Либермен
Улоги: Шон Пен, Рајан Гослинг, Ема Стон
Премиера: 11 јануари
Филмот е хроника на борбата на полицијата на Лос Анџелес со мафијата во четириесетите и педесетите години на минатиот век…
- Опседната куќа – A haunted house
Жанр: комедија
Режисер: Мајкл Тидес
Сценарио:Марлон Вејнс, Рик Алварез
Улоги: Марлон Вејнс, Есенс Аткинс, Ник Свардсон
Премиера: на 11 јануари
Малком и Кеиша ќе се преселат во нивната куќа од соништата, но набрзо сфаќаат дека таму живее и еден демон. Кога Кеиша станува опседата од демонот, Малком е решен да направи се за да го задржи нивниот сексуален живот онаков каков што бил, па макар и да повика на помош и тим за истерување духови…
- Квартет – Quartet
Жанр: комедија
Режисер: Дасрин Хофман
Сценарио: Роналд Харвуд
Улоги: Меги Смит, Мајкл Гамбон, Били Коноли, Полин Колинс
Премиера: 11 јануари
Во дом за пензионирани оперски пејачи се подготвува годишен концерт со кој треба да се прослави роденденот на Верди. Но, настанува проблем кога во домот ќе се појави Жан, оперска дива и поранешна сопруга на еден од жителите во домот…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


