Холивудскиот актер е обвинет за сексуално вознемирување на 17-годишна стажантка во 1985 година.
Писателката Ана Греам Хантер тврди дека актерот, сега 80 години, ја пипкал на снимањето на телевизискиот филм „Смртта на еден продавач“ и несоодветно ѝ зборувал за секс.
– На мојот прв ден на снимањето, тој ме замоли да му ги измасирам стапалата; му ги измасирав. Тој отворено флертуваше со мене, ме фаќаше за газ, ми зборуваше за секс мене и пред мене. Едно утро отидов во неговата гардероба да го прашам што ќе појадува; ме погледна и се насмеа, рече: ‘Ќе јадам тврдо варено јајце… и меко варен клиторис’. Неговите придружници прснаа во смеа. Заминав, без зборови. Потоа отидов во бањата и плачев – напиша Хантер за „Холивуд репортер“.
Хантер детално го опишала наводниот однос на Хофман кон неа во текот на тие пет седмици во својот дневник, кој тогаш ѝ го пратила на својата сестра. „Денес, кога го придружував Дастин до неговата лимузина, четири пати ме фати за газ“, напишала таа. „Секој пат го удирав, силно, и му кажав дека е валкан старец“.
Таа тврди дека на снимањето, еден претпоставен ѝ рекол да го трпи неговото однесување и да „жртвува“ некои од своите принципи заради продукцијата.
Хофман на статијата одговори со извинување: „Многу ги почитувам жените и се чувствувам ужасно што нешто што можеби сум го направил можело да ја стави во непријатна ситуација. Жал ми е. Тоа не е одраз на мојата личност“.
Приказната доаѓа по низата слични обвинувања за сексуално вознемирување во Холивуд против продуцентот Харви Вајнстин, филмскиот продуцент Џејмс Тобак и актерот Кевин Спејси. Денес, исто така, шест жени го обвинија режисерот Брет Ратнер за сексуално вознемирување, меѓу кои и глумиците Наташа Хенстриџ и Оливија Мун.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.