| четврток, 6 декември 2018 |

Палестинската држава е гаранција за Израел

Кориере дела сера – Милан

Да почнеме од најважното. Од прашањето на живот и смрт.
Ако нема две држави – изралеска и палестинска, ќе има само една држава. А ако има само една држава, таа ќе биде арапска. А ако таа држава биде арапска, тогаш којзнае каква иднина не чека нас и нашите деца. И таа држава нема да биде на два народи, затоа што државите на два народи и мулитинационалните држави (со исклучок на Швајцарија) немаат ветувачка иднина. Тие се посклони да се растурат, или обратно кажано, да се обезкрвават додека не се самоуништат.

Загатка ќе биде да си замислиме дека палестинците и израелците кои досега си причинуваа толку многу взаемни страдања, веднаш ќе бидат подготвени да ја свртат страницата и да спроведат мирно и справедливо сожителство во една иста држава. По евентуалната поделба на две држави, во далечна иднина, тие би можеле да применат некаква форма на соработка, но не и пред палестинците да ја имаат можноста да ја доживеат слободата и достоинството кои произлегуваат од независноста. Но ако ја исклучиме можноста за две држави и прифатиме дека хипотезата за една држава на два народи е исти така фантазија, се појавува застрашувачка перспектива за една единствена арапска држава која може да го уништи нашиот ционистички сон.

Во обид да ја спречиме таа толку злокобна визија, да си замислиме дека земјата која се простира од Јордан до Средоземното море може да биде управувана од диктатура на еврејските фундаменталисти која ќе се карактеризира со расистички фанатизам и способност да ја наметнува својата воља, како врз арапското мнозинство, така и врз еврејската опозиција. Тогаш таа држава ќе треба да се справи со меѓународен бојкот или со внатрешни крвави војни, или пак со двете истовремено. На крајот, таквата земја треба да отстапи пред неизбежното – една арапска држава која ќе се простира од Јордан до Средоземното Море.

Многумина од оние кои како мене ја одржуваат перспективата за две држави, сметаат дека престојниот конфликт не може да се реши на друг начин. Во нивните очи, Јасер Арафат беше претерано силен и непоколеблив, а неговиот наследник Махмуд Абас кој како умерен и разумен човек, е претерано слаб. Ете зошто овие луѓе сметаат дека опцијата за две држави може да се материјализира преку операција „управување на конфликтот“. Но еве минатото лето видовме што значи тоа „управување“. Тоа би не довело и до идна војна со Либан, а после и до уште една, како и до идна војна во Газа, и на уште други војни кои ќе следат, а исто и на трета, четврта или пета интифада во Ерусалем и на Западниот брег. Неизбежниот колапс на палестинските автономни власти ќе доведе до пораст на Хамас или до појава на уште порадикален противник додека сите не бидеме сведоци на интифада до смрт, како од едната така и од друга страна. Тоа е последицата од „управување на конфликтот“.

Но идејата за разрешување на конфликтот треба да биде разгледувана уште подлабоко. Веќе стотици години тој дел од светот немало поприкладен момент од сегашниот за прекинување на непријателствата. Не дека соседите на Израел го прифатиле ционизмот, ниту пак веднаш одлучиле дека имаме право на таа земја. Главните политички играчи од регионот – Египет, Јордан, Саудиска Арабија и други земји од Пресискиот залив и од северна Африка, се исправени пред една закана која е многу понеизбежна и катастрофална во споредба со онаа која според нив ја претставува Израел. За некои од тие земји, Иран е предводник на силите на злото. За други, таа закана се нарекува Исламска држава. И двете се повод за многу бессони ноќи во сите престолнини на Блискиот исток. Во тој контекст, Израел сега изгледа како дел од решението само ако соработката со израелците биде легитимирана и засилена со крајот на окупацијата на палестинските територии, и со признавање на стремежите на палестинците да имаат сопствена држава.

Пред 12 години од Саудијците беше предложена иницијатива за мир, одобрена со неколку измнеи и од Арапската лига. Не верувам дека Израел ќе ја прифати со затворени очи, но со сигурност би сакал саудијците и другите учесници во мировниот процес да учествуваат во дискусии посветени на израелските сомнежи и резерви. Многу е пожелно Израел да одговори условно, но позитивно на тој историски пресврт во оддалечената арапска позиција на отрлање и целосна изолација, и тоа ќе ја отвори вратата за соработка како и според предлогот за две држави, така и по прашањата сврзани со безбедноста во регионот.

Неспорната вистина – која отвори доста полемики – е дека Шестдневната војна во 1967 година беше последната решавачка победа на Израел. Од тогаш, ниту еден постигнат од Израел резултат не може да биде сметан за победа, затоа што во војна победнциите не се обврзно оние кои причинуваат најголеми рушења, туку оние кои ја постигнуваат својата цел. Откако Израел не постави никаква политичка цел во неодамнешните војни, тој не можеше ниту ништо да очекува, ниту пак да објави победа. Недостигот на цели е одраз на една активност во која ниту една од националните цели не може да стане подостижна преку користење на сила. Не сакам да кажам дека воената сила веќе е бескорисна. Напротив, таа е клучна за сопственото оцелување на Израел. Таа многу често не заштитувала од уништување и послужила како средство за разубедување и за победа над оние противници кај кои разубедувањето не даде резултати. Воената сила одлично ги исполни своите задачи. Но не смееме да ја мешаме законската самозаштита – при која не може да има компромиси – со илузијата на сила да ја наметнуваме нашата политичка воља врз други. Таква е реалноста на областите на воената сила, како што се потврди неколку пати во последниве децении и затоа стигнавме до заклучокот дека таканареното „управување на конфликт“ е рецепт за нови неуспеси. Тоа е осудено на пропаст, па затоа треба да се отстапи место на искрена и трајна заложба за разрешување на конфликтот.

Се уште многу Израелци се убедени дека е доволно да се користи дебелиот стап за да се демонстрира поголема решителнст за „воспитување“ на арапите да и се потчинат на израелската воља. Но пред неспорните докази дека нашиот подебел стап секгаш не врши работа, настапи моментот да ја признаеме арогантноста и бескорисноста на нашата желба да ги убедиме Палестинците во нашата надмоќ.

Истовремено израелската политика се уште е замислена така што ја наметнува нашата воља преку сила. Како резултат на тоа, на Западниот брег палестинската власт е на пат да падне во секој момент, со што ќе се затвори вратата пред важната операција за координирање на дејствата во врска со безбедноста и истовремено широко ќе ја отвори вратат пред Хамас и пред други екстремистички групи, кои се подготвени да ги окупираат празните места.

Израелските заедници и нивните поддржувачи во Израел и во странство, повторуваат дека оваа земја е наше право. Но за какво право зборуваат тие? Зарем овие луѓе не разбраа дека светот – меѓу кои и повеќето арапски држави – го признава нашето право на држава Израел во границите на „зелената линија“, но безусловно ја отфрлаат нашата окупација на останатите територии. Тие луѓе не разбраа дека светот го признава правото на палестинците да имаат држава покрај нашата, но ги отфрлаат сите претензии за нејзино проширување. Овие заедници кои се многу вешти во неразбирањето на своите екстремистички противници меѓу Палестинците, изгледа забораваат дека правата – колку и да се од Бога дадени – ако се лишени од меѓународно признавање треба да си останат дел од Светото писмо, а не да се дел од програма за владеење. Кога се фалат дека имаат исклучиво право на Земјата на Израел, овие луѓе се повикуваат на религиозното писмо да не остапат ниту едно парче земја и кога имаат претензии да ги променат поделбите во врска со Плоштадот на џамиите во Ерусалем, тие во суштина не се интересираат за чувствата на оние за кои тоа место е исто така свето. Во нивните очи, обидите на 200 милиони Арапи се само повод за конфронтација од која се развиори судирот со една милијарда муслимани во целиот свет.

Тогаш сакам да прашам: Претендираме дека имаме право да се молиме на Плоштадот на џамиите, но подготвени ли сме да се откажеме од него додека не биде постигната согласност и ова прашање не престане да создава поделби и судири? На оние кои имаат намера да предизвикаат религизона војна заради тоа кој да се моли на Плоштадот на џамиите, сакам да им кажам дека таа војна нема да е заради мене, ниту заради моите деца и внуци, ниту пак заради моите најблиски луѓе, или заради оние кои се согласуваат со мене. Изненадувачки е што дури и провокацијата кон Арапите и муслиманите не го задоволува како што изгледа апетитот на луѓето кои ја предизвикуваат. Денес сме сведоци на обид да и се диктираат политички решенија на САД, без да се земат предвид последиците врз нашето главно стратешко партнество. Создавајќи сојуз меѓу нашата крајна десница и крајната десница во САД, во обид да се поткопаат традиционалните двострани основи на израелско-американските односи, оние неодговорни политичари кои тоа го прават ја излагаат на опасност израелската национална безбедност. Тие арогантно изјавуваат: „Во слободниот свет лидер е единствено оној кој се бори против иранската закана. Како смее Обама да ни противречи?“

Нашата историја е богата со примери кога сме го предизвикувале светот и во повеќето случаи резултатите биле катастрофални. Давид Бен Гурион беше во право кога не учеше дека израелската држава немаше никогаш да постои без поддршката на силен сојузник на глобално ниво. Денес колку и да е силен нашиот сојуз со САД, не смее на него да се гледа како на нешто гарантирано за век и веков. На тој сојуз му треба почитување и негување и со сигурност не треба да се подложува на злонамерни и интереси со притисок.

Во тој контекст треба да се разграничи постојното од претходното. Сојузот на Израел со САД е преоден и ние сме тие кои треба постојано да правиме заложби за да го одржуваме жив тој сојуз. Од друга страна, израелското присуство покрај Палестина и во центарот на арапскиот свет, е постојана карактеристика на израелската дејствителност и имено таа треба да диктира решенија. Истовремено, силата на непријателските агенти, од терористите до нуклеарните сили, е во процес на трансформација. Ете зошто треба да гарантираме постојана супериорност на нашата одбранбена способност. Ако сакаме да гарантираме дека нашата одбранбена способност е сосема адекватна за да се справи со секоја евентуална закана, нема ништо повредно од заземањето на еднострани решенија, од сплотување на меѓународната јавност против нас, и од ослабување на сојузот со САД. Но ако Израел ги насочи заложбите кон еден динамичен мировен процес со нашите палестински соседи и под закрила на арапската мировна иницијатива, тоа многу ќе придонесе за формирање на коалиција – регионална или меѓународна – во негова подршка. Тоа ќе ја намали затегнатоста на палестинските територии, и ќе ја зацврсти нашата национална безбедност.

Мојот повик за мир не се заснова на наивни очекувања, имајќи ги предвид тешкотиите за надминување на различностите или предизвиците пред кои сме исправени заради тоа дека сме отфрлени од сите страни. Мирот не е играчка поставен ставена на некоја полица и кој можеме да ја дофатиме со рака. И не заради откажувањето на некои – без разлика дали се тоа Рабин, Барак или Олмерт – да ја платат цената за тој мир, ние бевме лишени од него толку долго време. Една арапска поговорка гласи: За да ракоплескаме, ни требаат две раце. За танго се потребни двајца на масата за преговори, и нашите палестински собеседници имаа немал придонес за минатите неуспеси. Вината е кај секого кој беше вклучен во мировниот процес, а во таа смисла и на трети страни и поддржувачи.

Затоа не можам да ветам дека мировниот договор ќе биде брзо постигнат и потоа неговото прилагодување ќе биде лесно, и дека ќе се најде лек за следниот ден. Предвидувам многу сериозни последици ако не умееме да ја одделиме нашата земја од палестинската. И нема да се уморам да го повторувам тоа. Ќе има две држави, ако го сакаме тоа, или ќе има само една единствена, арапска Држава.

Не сметам дека сум во ситуација да ги критикувам милионите Израелци кои ја признаваат неопходноста од поделба на териториите, но не се наклониваат на желбата на Палестинците да ни го гарантираат она кое ни е најпотребно – безбедноста. Ги разбирам и ги споделувам тие најосновни стравови. Најсериозно ги прифаќам. Дури сметам дека на мировното движење и на неговите лидери треба да им се довери последната одговорност да бидат чувари по прашањето на безбедноста, да не сопрат да повторуваат колку е неопходно и неизбежно разделувањето на нашите територии, да ги убедат скептиците дека тоа може да се стори.

Мојот ционистички предлог е едноставен и директен – не сме сами на таа тема. Не сме ни единствените сопственици на Ерусалем. На нашите палестински пријатели им го кажувам истото – вие исто не сте тука сами. Оваа наша мала куќа треба да биде поделена на два помали станови. И нека нивните два сопственици треба добро ги оградат двата имоти за да се гарантираат добрососедските односи.

Откако ќе се разведеме, да се обидеме да живееме едни до други. Да им го оставиме на идните поколенија проектот за евентално заедничко сожителство – конфедеративно или под друга форма. Нашиот живот не е холивудски филм со лоши и добри херои, туку повеќе е вистинска трагедија со две оправдани каузи во еден конфликт кој директно ќе изроди големи неправедности. Може да продолжиме да бидеме во кофликт и да си причинуваме уште смрт и страдања. Но можеме и да се обидеме да се помириме преку разделување и компромис.

Во библиските земји е тешко да се мериме со древните пороци. Но со со докази можеме да тврдиме дека на Блискиот исток продолжувањето на „никогаш“ и „сега“ трае од 3 месеци до 30 години. Она кое изгледаше невозможно кога полагав заклетва како војник во Шестдевната војна, се претвори во египетска и јорданска виза во мојот пасош. Оние кои жестоко се спортивставија на отцепувањето на територија три пати поголема од Израел за да се склучи мир со Египет, не ни претставуваа дека тој мир ќе трае децении, одолевајќи на мачни предизвици. Нивните аргументи тогаш и сега наспроти склучувањето мир со Палестинците, одразуваат еден и ист ужас од неизвесното, истата нежелба да го прифатат ризикот за перспективата за подобра иднина, иако впечатокот дека статус квото е илузија ќе биде заменето од неприменливото. И токму како и во двата спора со Египет и Јордан, така и нашиот спор со Палестина нема да биде решен од денес за утре. Но како и тогаш, така и сега со едно посветено раководство сепак може да се замени зборот „невозможно“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top