| четврток, 6 декември 2018 |

Нови мерки за невработените лица постари од 35 години

vrabotuvanje

Nова мерка за невработените лица над 35 годишна возраст и дека досегашната мерка која важеше за вработување на млади до 29 години, отсега ќе важи за лица до 35 годишна возраст – најави денеска лидерот на ВМРО -ДПМНЕ  и премиер на Македонија, Никола Груевски.

Новата мерка ќе ги има следните апекти нема да биде само за млади до 29 години туку отсега ќе биде до 35 години и нема да биде една плус една година, туку три години ослободување од данок на доход и придобивка со обврска да бидат задржани најмалку уште една година, истакна Груевски.

За оние од 35 до 50 годишна возраст како што најави Груевски, но за оние коишто 10 години се без работа, се предвидува, ако некој ги вработи во првите 5 години да биде ослободен од плаќање на придонесите со обврска да ги задржи уште една година.

За оние над 50 години независно дали биле или не биле вработени во минатото, доколку некој ги вработи ќе биде целосно ослободени од плаќање придонеси во период од 5 години без никакви обврски по истекот на тие 5 години, појасни премиерот,

Греувски рече дека се предвидуваат вакви мерки и за лицата над 58 годишна возраст, кои досега не биле вработени.

За нив ако некој ги вработи се предвидува до нивното пензионирање да биде ослободен од плаќање придонеси, а тоа ќе го покрие Владата на РМ, истакна Груевски.

Последнта група која ќе биде опфатена со овие мерки се ранлива категорија на граѓани, односно самохрани родители и еднородителски семејства, семејства со три или повеќе деца, приматели на социјална помош, професионални војници кои веќе не работат, деца без родители и родителска грижа, лица со инвалидитет и родители на деца со посебни потреби.

За оваа категорија на граѓани, појасни Груевски, се предвидува ослободување од плаќање придонеси во еприод од 5 години, без никаква обврска за работодавачот потоа.

Ова е проект кој што го немавме најавено во нашата програма, но го рализираме како што и многупати досега реализиравме вакви проекти, рече Груевски.

-Ако за 11 месеци со мерката за лица до 29 години се вработиле 7.400 можете да замислите колку многу работни места ќе се овозможат со оваа палета на мерки, која владата ќе започне да ја споревдува од мај-јуни годинава. Е така се сака сопствената држава, така се бори за Макдеонија, тоа е ВМРО-ДПМНЕ, тоа се нашите дела, тоа е нашето вистинсмко лице, порача Груевски од денешниот Народен собир во Битола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top