| четврток, 6 декември 2018 |

Битола ќе добие трговски центар

bitola-sirok-sokakПремиерот Никола Груевски на денешниот народен собир одржан во Битола истакна дека тие го знаат начинот како да се борат за македонскиот народ и земјата.

-Во Битола инвестираше Кромберг и Шуберт, вредноста на инвестицијата е 25 милиони евра и 2200 директно вработени кои произведуваат делови за Ауди, БМВ и Фолксваген. Владата донесе одлука за пренесување на касарната во Битола на општина Битола. Сега таму градат 8 фирми. Градат станбени објекти, деловен центар во кој ќе има и трговски центар. Продадени се и 78 парцели за индивидуални куќи, исткна Груевски.

Тој нагласи дека индустриската зона Жабени се изгради со инвестиција на Владата и општината Битола во вредност од 4,7 милиони евра.

-Во индустриска зона Жабени продадени се 38 градежни парцели. Издадени се 10 одобренија за градба. Канадската компанија “Cosmic development” штотуку отвори своја канцеларија во Битола со вработување на информатичари, потенцираше премиерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top