Целта на ВМРО-ДПМНЕ е да донесе што повеќе странски инвестиции во земјава, а целта на Заев и Шекеринска е да донесат што повеќе странски разузнавачки служби- рече Антонио Милошоски на народниот собир во Битола.
-Ова што ни случува денес, оваа поддршка праќа една порака. Тие што сакаа да нè разделат тие нè сплотија, тие што сакаа да нè рaскараат нè смирија. ВМРО-ДПМНЕ ја има поддршката од народот и така ќе продолжи во иднина – истакна пратеникот Антонио Милошоски, на собирот во Битола.
Милошоски оцени дека 45 дена Заев и Шекеринска се обидуваат да создадат конфликт и раздор.
– Уште 145 дена да продолжат нема да им успее да ја нарушат стабилноста на ВМРО-ДПМНE и на Македонија и нема да нè спречат да работиме со дела за нашата Mакедонија – рече Mилошоски.
-Опозицијата го прави тоа, затоа што припаѓаат на групата политичари кои мислат дека Народот е во право дури и кога греши. Но, ние сме секогаш со народот кој е во право и кој ни ја дава поддршката. Разликата е во нашите цели и во нашиот начин на работа. Целта на ВМРО-ДПМНЕ е да донесе што повеќе странски инвестиции во земјава, а целта на Заев и Шекеринска е да донесат што повеќе странски разузнавачки служби. Нашата цел е да го слушаме гласот на народот, а нивна цел е да го прислушуваат народот – истакна Милошоски.
Милошоски посочи на разликите со ВМРО-ДПМНЕ, тим кој што пишува проекти за привлекување на странски инвестиции додека Заев и Верушевски пишуваат криптирани пораки.
– Но, народот ги гледа и разбира нашите пораки. Тие и ова ќе го сфатат. Тие знаат дека на овој начин нема ништо да постигнат, тие знаат дека на овој начин не се доаѓа на власт бидејќи и онака изгубија многу изборни циклуси. Но, ние им порачваме дека тие направија голема штета на Македонија, а ако сакаат малку да се поправат треба да се вратат во Собранието каде што се случува демократијата и волјата на македонските граѓани и гласачи – рече Милошоски.
– Наша порака до нив е, тие се и наши соседи, наши познајници и наши пријатели. Но, ќе дојде време кога ќе се отворат картите и кога ќе се види кој како сакал да дојде на власт. Тогаш многу луѓе ќе се почувствуваат неубаво, бидејќи се служеле со незаконски средства за да дојдат на власт – истакна Милошоски на народниот собир во Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.