| четврток, 6 декември 2018 |

Сериозна помош и отштета на земјоделците по поплавите

Премиерот Груевски најави сериозна помош и отштета на земјоделците од битолско по поплавите. Од народниот собир во Битола, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ порача: луѓето нема да бидат оставени сами да се соочуваат со последиците од невремето

-Секоја година најмалку 5 до 6 илјади земјоделски семејства од Битола, Могила и Новаци како подршка за земјоделството добиваат во просек 10 милиони евра субвенции годишно. Така ние се бориме за Македонија. Така се боревме и во времето на последните поплави кога додека Заев и Шеќеринска ги емитуваа креираните телефонски разговори, ние бевме тука во Новаци, во Могила, во Битолско, тука со вас, да помогнеме кога е најтешко, кога ви требаме, не само во арно, туку и во лошо. Тоа е ВМРО ДПМНЕ, тоа сме ние, тоа е нашето вистинско лице, а не она кое Заев сака да го приже преку креираните разговори- порача премиерот Груевски од Битола.

-И кога сме веќе кај поплавите, знам дека овие беа едни од најтешките, најболните и најштетните поплави, особено за земјоделието, за маката на земјоделецот и неговиот труд и пот. Токму затоа, сакам да ве информирам дека при крај е Извештајот за штетите од поплавите кој го работат Комисија од централната власт, општинските комисии и експерти од Светска банка. Истиот ќе ни биде предаден во конечна верзија за околу една недела од сега- најави Груевски.

-Сакам да Ве информирам дека веќе првиме големи подготовки за сериозна помош и обештетување на граѓаните чии земјишта и имот беа поплавени, и разработуваме варијанти за истите да бидат високо обештетени во најкраток можен рок. Луѓето нема да бидат оставени сами да се справуваат со последиците од невремето. ВМРО-ДПМНЕ стои зад македонските граѓани, ВМРО ДПМНЕ стои зад земјоделците во Македонија, и тие уште еднаш ќе почуствуваат што значи да имаш влада која стои зад земјоделецот и оштетениот селанец кога му е најтешко и кога е најпогоден- им се обрати премиерот на присутните на народниот собир во Битола.

-Така се сака и така се бори за сопствената држава и за својот народ. Така се сака Македонија! Не со интриги, лаги и манипулации. Не со одработување на странски агенди. Со конкретни дела и проекти, со добро за државата и граѓаните. Ние таа борба ја продолжуваме, заедно со вас и со сите наши поддржувачи ширум нашата татковина. Нашата битка продолжува во секој еден град, во секое едно село, во разговор со секое едно семејство, да објаснуваме, да им кажуваме за нашите идеи и намери, за нашите предизвици и за предизвиците со кои се соочува нашата земја. Сите ние заедно ќе го надминеме ова во тоа ве уверувам, и ќе излеземе посилни од било кога.И ова не е само празна реченица туку искрена верба и израз на цврста волја и одлучност која сите ние ја имаме- додаде претседателот на ВМРО- ДПМНЕ и Претседател на Владата на Република Македонија во обраќањето на народниот собир во Битола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top