-Република Македонија е суверена држава а не квислиншка творба. Нејзините политичари мора да ги почитуваат интересите на сопствениот народ и држава. На сите нејзини жители. Секој мора да ги уважува Уставот и законите на државата. Секој мора да го почитува народот. И внатре и надвор. Без оглед кој колку е моќен или не. Колку е голем или не. На овие теми, ние немаме точка на топење. Во прашање е нашиот опстанок, нашите права на постоење, слобода и избор.
-Зоран Заев и неговите следбеници залудно ќе чекаат трговија. Нема трговија. Ние може да разговараме и да водиме дијалог, но никогаш нема да учествуваме во сценарија кои имаат за цел да го премостат народот. Ние сме свесни за нашите грешки, и ние знаеме како да ги исправаме, одговорно, слушајќи го народот и неговата волја. Но, нема да има простор за заташкување на скандалот кој самите го конструираа. Одговорноста со сите затезни камати за дестабилизирањето на земјата, за омаловажувањето на гласачката волја, за валкањето на угледот и на граѓаните и на државата, за лагите и оговарањата што ги пласираат во светот, ќе ја носат во секоја форма сите кои учествуваа во потфатот на рушење и дестабилизација на државата.
-Ние во владата, во државните институции со кои раководиме по волја на избирачите, нема да дозволиме марионетки да ја втурнат Република Македонија во граѓанска војна. Ни македонско- партиска ни меѓуетничка ни меѓурелигијска. Наша судбина е соживот и меѓусебна соработка, уважување и почит. На провокации сме имуни, на опасни дејства како закана сме подготвени. Ова не е Македонија од 1903, не е од 1912 и 1913. Не е ни од 2001-та или 2004-та. СДСМ не е победничката КПМ како што ни ВМРО-ДПМНЕ не е губитничката од 1930 година. Ова не е средба со минатото, туку битка за иднината.
Премиерот од Битола упати порака за избегнување на провокации и да не се подлегнува на пропаганда.
-Им упатувам порака и на членовите на ВМРО-ДПМНЕ , бидете будни и внимавајте на провокации, не дозволувајте некој да ве наседне, тоа им е намерата. Бидете горди и достоинствени, ние знаеме што правиме и која е нашата цел, ние и сакаме добро на оваа држава и на целиот наш народ.
-Апелирам до граѓаните на Република Македонија, до Македонците како мнозински народ, да не подлегнуваат на пропаганда, да не дозволат да бидат цел на манипуланти водени од своите чувства и политичка припадност. Никогаш да не забораваат дека партии ќе доаѓаат и ќе си заминуваат од власт на избори и по нивна мнозинска волја. Но победник секогаш и единствено е народот. Особено во вакви опасни и историски пресвртни ситуации. Народот е историски победник дури и кога наспроти себе има десеткратно посилни противници, само ако е единствен и како таков ја дочекува секоја опасност по неговиот опстанок.
-Почитувани, никој од нас не избира кога ќе се роди и во какво време ќе живее. Ама кога сме веќе тука, секоја генерација мора да се соочи со предизвиците на времето во кое живее. Еве не нас пред нов тест. Јас не се сомневам дека ќе го положиме. Ќе стекнеме ново искуство, нова сила, нови сознанија што ќе ни помогне во градење на иднината. Во неа нема да бидат луѓе како Зоран Заев и неговите помагачи и спонзори. Тие самите се избришаа- посочи премиерот и лидер на ВМРО- ДПМНЕ Никола Груевски од народниот собир во Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер