-Кога во раните деведесетти СДСМ беше на власт, а грчките партии организираа милионски митинзи само за да ни порачаат дека Македонија била грчка, народот во Македонија немаше шанса да даде одговор. Никој не го организираше или охрабруваше на соодветен масовен одговор. Влеговме во спор со Грција иако веќе речиси се суштинско ни беше одземено. Ни беше одреден дури и медијатор. Оттогаш до денес посредувањето како основа го има впечатокот што го стекна посредникот од тогашното третирање на македонскиот народ од страна на СДСМ. На една страна има грчки народ во полн капацитет, а на друга политичари на власт. Македонскиот народ го нема. Ова го кажувам како само еден пример, кој не треба да се става во никаков друг контекст, освен во контекст на односот на оваа партија кон значајните прашања за државата. Затоа нашата позиција меѓу другото вели, да, политичарите ќе разговраат, преговараат, прифаќаат, нудат, одбиваат,..нешто ќе им се виде добро, нешто лошо, некој без, некој под некакви притисоци, уцени,понуди или закани, ….сѐ може да прават, но ако некој нешто усогласи, договори, вети, или прифти, не може финалниот збор да го имаат политичарите, министрите, премиерот или претседателот, туку целиот народ кој преку реферндум ќе каже дали некоја идеја, предлог или решение е добро или не, и тоа, и само тоа може да е финалниот одговор на Република Македонија – изјави премиерот Никола Груевски на денешниот народен собир на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, каде се собраа голем број симпатизери, поддржувачи и членови на најголемата владејачка партија.
Според Груевски Еден, два, пет, 15 или 150 луѓе може и да згрешат, и да се во зблуда во еден или друг правец, да подлегнат на притисок, закани, уцени или што ли не, но тоа нема да помине кај целиот македонски народ и сите граѓани на Македонија. Да беше така на почетокот на деведесетите кога, како што рече Груевски, СДСМ одлучуваше наместо народот, друга ќе беше ситуацијата и позицијта по ова прашање сега.
–Така е секогаш кога оваа партија е на власт. Но, од 2006 година народот кој намерно беше игнориран од политичари елитисти, чија волја и интереси беа множени со нула, реши да дава јасен и непоколеблив одговор. Го прави тоа на избори, практично секоја година. Секоја година имаме избори. И никако да ја сфатат лекцијата. Затоа СДСМ е во опозиција. Тоа не ги прави среќни ни водствата ни нивните надворешни сојузници кои ја поддржуваа марионетската политика на оваа партија од свои интереси. Како и да е, сојузништвото во изминативе години уште трае и кулминира со аферата „Пуч“, Аферата Пуч и вистината за неа, а не лагите и конструкциите кои ги пласира опозицијата – нагласи Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.