| четврток, 6 декември 2018 |

Падна одлуката, Роналдо по Реал Мадрид се сели преку барата?

Најдобриот светски играч за 2014 година и еден од најдобрите во историјата на фудбалот, Португалецот Кристијано Роналдо по завршувањето на договорот со Реал Мадрид во 2018 година ќе се пресели во МЛС лигата во САД.
Американскиот „Спортс илустрејтед“ носи денеска информација дека Португалецот по завршувањето на договорот во Мадрид дефинитивно веќе е одлучен кариерата да ја продолжи во МЛС во САД.

Приказните дека Роналдо би можел да се врати во редовите на Манчесер Јунајтед во последниот период малку спласнаа, но ако Реал не извлече поволен резулат на утрешното „Ел Класико“ на Камп Ноу тие секако ќе бидат актуелизирани во зависнот од играта на португалскиот репрезентативец.

Американските медиуми пренесуваат дека на акцијата за преселба на Роналдо во МЛС веќе неколку години работи Дејвид Бекам кој е исклучително близок со Португалецот. Како најпосакувани дестинации на португалскиот репрезентативец се спомнуваат Њујорк и Мајами.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top