Поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск денеска изјави дека ништо не може да ја оправда примената на смртната казна и дека не постоји „вистински“ начин хумано да се убие друго лице.
Во писмото упатено до Меѓународната комисија против смртната казна, која ја сочинуваат поранешни владини функционери и правни лица, папата Франциск нагласи дека католичката црква остро се противи на капиталното казнување и дека принципот на легитимна лична одбрана не е соодветно оправдување за извршување на егзекуцијата.
-Кога смртната казна се применува, тоа не е заради сегашниот чин на агресија, туку повеќе е заради нешто сторено во минатото. Денеска смртната казна е неприфатлива, без разлика на тоа колку е сериозно стореното злосторство, истакна папата.
Папата Франциск додаде и дека модерните затворски системи смртната казна ја направија непотребна, пренесуваат американските медиуми.
-Од аспект на владеењето на законот смртната казна е погрешна, бидејќи ја задолжува државата да убие во име на правдата, порача поглаварот на Римокатоличката црква.
„Не постои хуман начин на кој можете да убиете друго лице“, заклучи папата Франциск.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Папата Франциск во мај, 2019 ќе ја посети Македонија
-
Смртна казна за познат писател на крими-романи: Злосторството го прераскажал во роман
-
Папата со критики за телевизиската дебата Макрон – Ле Пен: Тие фрлаа камења, не чекаа другиот да заврши
-
Смртна казна за Бушари, ја убил девојка си со жесток секс