САД испратилe закани до Германија дека ќе прекинat со доставување разузнавачки информации доколку владата во Берлин му понуди азил на Едвард Сноуден или на кој било начин се обиде да му помогне.
Германскиот заменик-kанцелар и министер за економија Зигмар Габриел во говор во кој ги пофали новинарите што работеле на објавување на архивите на поранашниот американски оперативец, кој откри дека Националната aгенција за безбедност (НСА) шпиoнирала во многу земји, меѓу кои и Германија.
За Габриел не е во ред што Сноуден е принуден да бара заштита во „автократската Русија на Владимир Путин“ затоа што ниту една друга земја ни му пружила заштита од заканите за апсење во САД.
На настанот на кој Габриел зборувал на оваа тема тој бил прашан зошто Сноуден не добил таква понуда од Германија на што одговорил: „Тие (САД) ни рекоа дека ќе ги запрат информациите за терористички акции и други разузнавачки прашања“.
Дебатата во Германија на тема дали треба да му се даде азил на Снуден кулиминирала минатата година со поделбата меѓу членовите на Комитетот на бундестагот, кој расправаше за шпиoнирањето на НСА, кои решија дека Сноуден не треба да биде повикан да сведочи лично за активностите на НСА меѓу кои, според медиумите, било и прислушувањето на канцеларката Меркел.
Една од причините зошто Сноуден не се појавил пред германските судови е што Германија и САД имаат договор за екстрадиција и доколку тој се појави во Германија, земјата има обврска да го испорача на САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Берлин: Прашањето за германски репарации кон Грција е правно и политички затворено
-
Вонредна состојба во Вашингтон: Ураганот Флоренс се приближува кон САД
-
Трамп го кани Путин на есен да го посети Вашингтон
-
Делегација од Управата за заштита на културното наследство учествуваше на првиот Европски самит во Берлин


