Во рамки на одбележувањето на 20 Март – Меѓународниот ден на Франкофонијата, утре во Скопје првпат ќе се одржи Трка на Франкофонијата.
Настанот е во организација на Амбасадата на Франција и Францускиот институт во соработка со повеќе средни училишта со франкофонски паралелки и општини во државата. На почнувањето на трката пред учесниците ќе се обратат француската амбасадорка Лоранс Оер и градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски.
Стартот на четирикилометарска ревијална трка, е точно напладне од Паркот на франкофонијата во Градскиот парк во Скопје близу Арената „Филип Втори“. Целта е кај „Сити мол Скопје“ каде што е предвидена забава со ритмички танци, музичка анимација со диџеј, освежување и доделување потврди за учество.
Манифестацијата е поддржана од Град Скопје, „Сити мол Скопје“, „Карфур“ и Атлетската федерација на Македонија.
Секоја година, на 20 март се прославува Меѓународниот ден на франкофонијата. На тој ден близу 300 милиони франкофони од петте континенти го слават јазикот, кој заедно го споделуваат и различноста на франкофонијата преку разни активности.
Инаку, 20 март го означува денот кога во 1970 година во Ниамеј, Нигер, е создадена агенцијата за културна и техничка соработка на франкофонијата која потоа прерасна во меѓународна организација.
Република Македонија е полноправна членка на Меѓународната организација на Франкофонијата и брои 80 земји членки и набљудувачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Фатална грешка: Мислеше дека трката заврши,па славеше медал, a не го истрча последениот круг
-
Утре пренасочување на сообраќајот до Средно Водно поради атлетска трка
-
Во Скопје се трча во сите годишни времиња: Почнува пријавувањето за Скопје трча 10КМ
-
Во месецот на Франкофонијата: Проекција на филмот „Денес“ во Кинотека на Македонија



