| четврток, 6 декември 2018 |

Ова е новото воено чудо на Путин (ВИДЕО)

Русија се подготвува да произведе нов хиперсоничен транспортен авион „ПАК ТА“ со чија помош во најкраток рок би можело да се превезе војска на било која точка од планетата, вклучително и тенкови со пратечка муниција.

putin_620x0

Спрема најавите на московските воени-индустриски комисии, неколку десетици транспортни авиони од новата генрација ќе можат да пренесат 400 најнови тенкови „армата“. Новиот авион кој ќе биде произведен до 2024 година, ќе лета со суперсонична брзина од околу 2.000 километри на час и ќе може да пренесе невероватни 200 тони терет. Исто така, авионот ќе може да остане седум часа во воздух без дополна на горива, а максималната должина на летот ќе достига 7.000 километри.

На овој начин, тврдат руските воени експерти, Русија ќе стане велесила која во секој момент ќе може да транспортира потребна воена опрема на посакуванта територија, што воедно претставува најголема закана за сите досегашни и идни руски противници.
Денес, единствен транспортен авион кој може да и парира на овој нов модел е „Антонов АН – 255“, кој е во состојба да понесе 250 тони терет и е специјално правен за потребите на вселенската програма „Буран“, уште од времето на Советскиот сојуз.

Diplom – Alexey Komarov from Alexey Komarov on Vimeo.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top