| четврток, 6 декември 2018 |

Путин: Време е за монетарна унија

fbsdhtgjkrnykli

Дојде моментот за Русија, Белорусија и Казахстан да преземат акција за создавање монетарна унија. Тоа го изјави рускиот претседател Владимир Путин, цитиран од руските медиуми.

– Сметаме дека е дојдено времето за разговори во врска со можноста за формирање на монетарна унија. Работејќи рамо до рамо, ќе биде полесно да реагираме на надворешни финансиски и економски закани и да го заштитиме нашиот единствен пазар, рече Путин по средбата со претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко и казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев во главниот град на Казахстан.

putin_nazarbaev_lukasenko

Претходно претседателот на Советот на федерацијата, Валентина Матвиненко, изјави дека забрзувањето на процесот на Евроазиска интеграција е можно со помош на зајакнување на информациската работа во сите можни формати.

Евроазиската економска унија е создадена врз основа на царинската унија меѓу Русија, Казахстан и Белорусија. Таа почна да функционира од 1 јануари 2015 година.

На 26 февруари 1999 година Белорусија, Казахстан, Киргистан, Русија и Таџикистан, потпишаа Договор за Царинска унија и единствен економски простор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top