| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен снајперистот што пукаше во Нови Сад

­ Полицијата во Нови Сад уапси едно лице под сомнение дека претходните осум дена стрелало врз жителите на Петроварадин, објави српскиот весник „Блиц“.

Според весникот, непознато лице од минатиот четврток пукало врз куќите и автомобилите во Петроварадин. Куршумите завршиле во пет куќи и два автомобила.

Во инцидентите никој не е повреден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top