– Родив едно дете, второто го носам во моментов, а третото се тринаесетте песни од албумот кој го сонував со години, токму таков, со гнездо на главата и птици кои најавуваат убави нешта – изјави македонската пејачка Мијата која синоќа во „Сити хол“ го промовираше првиот албум „Небеска“.
Албумот „Небеска“ содржи 13 песни, е круна на нејзината досегашна кариера, која трае повеќе од една деценија. На промоција на видео бим одеа спотовите и настапите на Мијата, како и делови од нејзиниот живот, нејзината кариера како контролор на летање, се вртеа нејзините песни… Како кулминација на вечерта беше настапот со бенд во живо со кој изведе три песни „Верувам во себе“, „Панделка“ и „Како деца мали“
„Небеска“ претставува ретроспектива на нејзината музичка кариера. Албумот го отвора интрото „Deep Inside My Heart“, па потоа се редат старите песни, како и неколку нови.
фото: Ѓорги Личовски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на книгата „Уште музика и муабети“ од Ненад Георгиевски
-
Акустичната кабаре претстава „Јаболки и круши за уметнички души“ на Мијата вечерва во Македонска филхармонија
-
Промоција на книгата „Исповедта на сликарот“ од Гордана Михаилова-Бошнакоска
-
Акустичната кабаре претстава „Јаболки и круши за уметнички души“ на Мијата во Македонската филхармонија