Џејмс Харден постигна 50 поени за Хјустон рокитс и беше лидер во триумфот против Денвер нагетс од 118-108. По пауза од две децении кошаркар на Ракетите стаса до магичната граница од 50, а пред Харден тоа го стори Хаким Олајџувон во 1996 година. Сезонава во клубот 50+ се запишаа Мо Вилијамс, Расел Вестбрук, Кајри Ирвинг, Клеј Томпсон, Стефон Кари….
Харден досега немаше постигнато 50 или повеќе поени, и ова му е личен рекорд.
Резултати: Хјустон – Денвер 118-108, Минесота – Њујорк 95-92 (по продолженија), Феникс – Њу Орлеанс 74-72, ЛА Лејкерс – Јута 73-80.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.