Високиот палестински официјален претставник Саеб Ерекат изјави денеска дека безбедносната соработка со Израел може наскоро да заврши. Ерекат во изјава за новинари рече дека Палестинците веќе работат на планови да ги прекинат безбедносните врски, но одби да каже кога ќе биде преземена таа мерка.
– Можам да ве уверам дека нешто ќе се случи, изјави Ерекат.
Безбедносните врски имаат за цел да се спречи насилството и се една од преостанатите области на соработка меѓу Израел и Палестинците по неуспешните мировни напори. Повтоното избирање на Нетанјаху кој на крајот од изборната кампања рече дека се противи на палестинската независност само ги влоши дополнително односите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.