Со ликовната изложба на Тони Чатлески од Прилеп која е дел од ликовната колонија на Центарот за култура Марко Цепенков од Прилеп, синоќа, во Неготино заврши оваа дводневната културна манифестација.
Љубителите на ликовната уметност имаа можност да погледнат уметнички дела на бројни ликовни уметници како од Македонија така и од странство.
-За 5 години колку што постои колонијата создадени се околу 200 дела претежно уметнички слики како и скулптури кои лани за првпат беа созададени на колонијата што се организира во Прилеп. До сега се одржани шест колонии и се создадени многу дела кои сега се сопственост на центарот за култура, односно на Република Македонија, рече Чатлески.
Во изминативе два дена во Неготино беа организирани бројните настани со кои се преставија институциите од областа на културата со уметнички производи кои се создавани преку целата година во повеќе градови во државата.
Тие беа најинтересните и највпечатливи активности од нивното работење.
-Сите убави работи кратко траат а вечерва е крајот на оваа убава манифестација во Неготино,рече синоќа на затварањето на манифестацијата Денови на Домови и Центри за култура на Република Македонија , претседателот на Заедницата на Домови и центри на култура на Македонија, Коце Стојменов
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.