| четврток, 6 декември 2018 |

Грчкото излегување од еврозоната е во корист на Русија

evro-grcija-600x275

Евентуалното грчко излегување од Еврозоната, може да биде искористено од Русија, коментираат западните медиуми.

Атина му се закани на Брисел со напуштање на заедничкиот монетарн сојуз, ако не се разбере со меѓународните кредитори.

Грчкото прашање не е ставено на официјалната агенда на дводневниот самит на 28-те во Брисел, кој започнува  денес, но е очигледен и игнориран проблем, пишува весникот „Еу бизнис“.

Земјите од еврозоната се многу вознемирени од евентуалното грчко напуштање, ако земјата неможе да го сервисира државниот долг и да ги спроведе бараните од ЕУ ​​и Меѓународниот монетарен фонд реформи, поради опасност од хуманитарна криза.

Грција и ЕУ балансираат на работ на конфронтацијата, зад сцената се водат дипломатски игри помеѓу Атина и Берлин.

Заменик-државниот секретар на САД за прашањата за Евроазија и Европа, Викторија Нуланд, поради зголеманата загриженост на Вашингтон по повод кризата во Еврозоната, ја посети Грција на 16 март 2015 година.

Според британскиот весник „Гардијан“, излегувањето на Атина од монетарната унија претставува геополитички ризик.

putin-do-cipras-dojdi-porano-vo-moskva-242367

Приближувањето на Грција кон Русија, ја прави нервозна ЕУ. Премиерот Алексис Ципрас, во Атина најави посета на Москва набрзо. Во Брисел стравуваат дека ако Атина излезе од еврозоната, јужноевропската земја може да навлезе во зоната на влијание на Москва.

Тоа, од своја страна, ќе го ослабне југоисточното крило на НАТО, што ќе се случи поради заканата од исламски екстремисти на Блискиот Исток, коментира „Би-Би-Си“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top