Грција на краткорочен план има потреба од две-три милијарди евра доколку сака да го избегне банкротот, изјави претседателот на Европскиот Парламент Мартин Шулц за германското радио.
Оваа изјава доаѓа непосредно пред почетокот на денешната средба на Европскиот совет во Брисел, оценувајќи ја финансиската состојба на Грција како „опасна“, информира весникот „Етнос“.
Мартин Шулц појасни дека Грција на крајот од овој месец треба да изврши и други плаќања, дека банките во земјата имаат потреба од пари и дека можноста на Централната банка да дава повеќе пласмани е речиси пред исцрпување.
Тој додаде дека за Грција ќе биде подобро да ги исполни своите задачи, за кои обврската ја презеде претходната Влада на Самарас, и тогаш во земјата ќе влезат повеќе пари. Шулц подвлече дека грчката Влада треба да покаже поголема волја за соработка со своите европски партнери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција