Времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи, кои ќе бидат пообилни попладне, особено во јужните и источните делови, каде што локално се очекува да наврнат од 20 до 30 литри на квадратен метар. Ќе дува слаб до умерен јужен, а во вечерните часови засилен северен ветер.
Температурата ќе се движи од шест до 16 степени.
Во Скопје слично време, со температура до 15 степени.
Во текот на ноќта и в петок наутро на планините и на повисоките места ќе има слаб снег. В петок ќе дува засилен до силен северен ветер (над 80 километри на час).
За време на викендот ќе преовладува стабилно и суво време.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.