| четврток, 6 декември 2018 |

Тајниот план на Тито – зошто тајните агенти на УДБА вооружени до заби влегоа во Австрија

Вили Млакар, шеф на одделението на УДБА во Марибор, во ноември 1976-тата година, за своите луѓе во Корушка побарал 31 митралез, 30.000 куршуми, 31 пиштол, 500 бомби, осум двогледи, 500 килограми воен експлозив…
tito-vonzemjani

Југословенската разузнавачка служба УДБА, во текот на 70-тите години во австриската покраина Корушка, имала поголема улога од тоа што досега било познато, тврди виенскиот весник Пресе, повикувајќи се на нови документи од австриските историчари.

Вили Млакар, шеф на одделението на УДБА во Марибор, во 1976-тата година ги замолил своите претпоставени во Љубљана за помош. Тој сакал да ги вооружи своите ќелии кои делувале во Корушка, и побарал, според Пресе, 31 митралез, 30.000 куршуми, 31 пиштол, 500 бомби, осум двогледи, 500 килограми воен експлозив, 30 гарнитури запаливи средства, наркотици…

Оружјето требало да биде од австриско или западно производство, калибар кој го користеле австриската војска и полиција.

“Се прашувам зошто било потребно да се направи такво складиште”, се запрашал Алфред Елсте, научен раководител на комисијата на историчари, кој по налог на покраината, требало да ги истражи случувањата околу малцинските конфликти во текот на 70-тите години.

Staatsbesuch von Tito in Belgien

Елсте рекол дека не знае дали оружјето било испорачано, но затоа наишол на друг, многу поинтересен материјал. Извештајот од комисијата на историчари набрзо ќе биде завршен, и на почетокот на април објавен под наслов “Долгата сенка на Тито”, пренесува српски Курир.

Во Корушка, во текот на 70-тите години, имало многу случки поврзани со словенечкото малцинство.

Така тогашната влада се обидувала да ги исполни своите обврски од Државниот договор кон словенечкото малцинство, но имало проблеми на двојазичните табли кои ги загрозувале тие напори, како и бомбашки напади против партизански споменици, железнички линии, како и Домобранскиот музеј во Феклермаркт.

Историчарите укажуваат дека Корушка не била територија за делување на разузнавачките служби само во 70-тите години, а свој интерес имале служби од различни потекла, но пред сè УДБА, која инфилтрирала и безбедносни сили во таа покраина.

Комисијата на историчари сè анализирала детално и дошла до сознанија дека нападите на таблите не биле спонтани и неорганизирани акции на граѓаните, па се повикува на документ од полицијата, според кој тогашниот шеф на корушката служба, Хериберт Џордан, заедно со други службеници, донел одлука да делува против двојазичните табли.

И УДБА била меѓу учесниците, произлегува од документите на австриските разузнавачки служби, па во фазата на конфликтот околу двојазичните табли, пратила четири единици на командоси со задача да ги заострат тензиите помеѓу малцинството и жителите во Корушка.

tito-life

За командосите од покраината Бургенланд нема многу податоци, но три групи во Корушка делувале успешно, тврдат историчарите.

Акциите против двојазичните табли промениле многу работи, укажуваат тие, потсетувајќи дека шефот на покраината Ханс Сим, кој стоел зад поставувањето на двојазичните натписи, му го препуштил своето место на Леополд Вагнер. Исто така, австриската влада, поради отпорот, се откажала од своите намери и ги применила малцинските права во минимална варијанта.

Покрај тоа, Корушката Домашна служба се претворила во модерна лобистичка организација, и потоа следело разочарување меѓу словенечкото малцинство.

За многумина тоа бил момент за преземање на порадикални средства, кои во УДБА виделе подготвен поддржувач.

Една година по насилното отстранување на двојазичните натписи, 1973-тата година, една разузнавачка организација под името “Сора”, која била раководена од Марибор, почнала да делува. Таа се состоела од повеќе независни едни од други ќелии, кои веројатно биле одговорни за вкупно 10 бомбашки напади до 1979-тата година.

Според документите од југословенските архиви, иницијативата за преземање на радикални акции, потекнала од корушките Словенци, укажуваат историчарите.

tito-hollywood-659x370

Елсте укажува дека учествувале од 12 до 14 лица, додавајќи дека му се познати нивните прекари, и дека знае кои стоел зад некои од нив. Меѓу нив најпознат – Матеус Грилц, адвокат и поранешен претседател на католичкиот совет на корушки Словенци, кој, меѓутоа, преку медиумите отфрлил било какво учество.

Комисијата на историчари наведува дека постојат индиции за негова вмешаност, но додава дека нема дефинитивни докази. Историчарите укажуваат дека наишле на податок дека безбедносните служби, не ги истражувале инцидентите на лице место.

Постојат два конкретни случаи кои го докажуваат тоа, наведува Елсте, укажувајќи на случајот Јохан М., германско-национален активист, кој гордо се фотографирал со урнатите двојазични натписи, а кој една година подоцна го кренал во воздух партизанскиот споменик во Робеш, за што бил и осуден. Неговиот исказ, за време на сослушувањето во полицијата, бил дека тој напад бил финансиски мотивиран, и по налог “од доле”, односно од Југославија, не бил истражуван.

Втор пример е случај од јуни 1974-тата година, кога музејот Милаузхоф бил уништен со бомба. Во август тој случај бил речиси решен, и дневникот “KТЗ” пишувал дека се познати извршителите и дека се собираат и последните докази.

“KТЗ” добил исправна информација, бидејќи од документите од безбедносната дирекција се гледа дека бил издаден налог за телефонско следење, но потоа во досиејата не може ништо да се најде. Случајот едноставно бил архивиран.

Колку властите во тоа време немале интерес за расветлување на случаите, толку и сега нема интерес за дознавање од историчарите, пренесува Пресе.

Комисијата, која требало да ги добие сите документи, била соочена со фактот дека 23 од 60 различни досиеја, не им биле предадени. Меѓу тие документи се акти од делувањето на НДП и Комунистичката партија на Австрија, како и полициски извештаи. Како образложение било наведено дека документите не може да бидат предадени поради заштита на правата на некои лица и националната безбедност.

Елсте констатира дека “предавството во Австрија, очигледно е факт кој треба да се заштити”. Тој додал дека најголем дел од материјалите, кои не му биле предадени на увид, имаат врска со агенти на УДБА во Австрија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top