| четврток, 6 декември 2018 |

Храна која ја уништува убавината

Понекогаш се случува да вложуваме правилна нега на кожата, но не само што не забележуваме ефект туку и имаме чувство дека почнува да изгледа уште полошо.

Без разлика дали ја чистите, хидрирате и ексфолирате редовно, има значење и грижата која ја вложувате однатре кон надвор.

Вистина е дека убавината доаѓа однатре, а не однадвор. Како што знаете, храната има исклучително влијание врз целокупната состојба на организмот, вклучувајќи ја и на кожата.

Вие буквално сте она што го јадете. Ви ја претставуваме храната која го уништува вашиот изглед.

Обидете се да ја ограничите максимално потрошувачката.

Газирани пијалаци

Преработената храна и празните калории не само што му пречат на телото да ги апсорбира правилно хранливите материи, но и влијаат лошо врз растот на косата и нежната кожа. Газираните пијалоци и сè што содржи кофеин, води до дехидратација и брзо може да доведе до предвремено стареење и брчки. Наместо тоа, пијте многу вода.

Лоши масти

Вие имате потреба од здрави масти за да се радувате на убава кожа и коса. Такви се маслиновото масло и кокосовото масло, на пример. Ограничувајте ја потрошувачката на пченка, соја и палминото масло, кои се лишени од хранливи материи.

Висока содржина на фруктоза

Читајте ги етикетите! Пченкарно фруктозен сируп е состојката што треба да ја избегнувате по секоја цена. Оваа супстанција ги зголемува триглицеридите и ги тера луѓето да се прејадуваат и да конкурираат тежина. Фруктозата е позната уште и како „сладок отров“, што е доволно јасно.

Прости јагленохидрати

Шеќер, бело брашно и бел ориз се дел од простите јагленохидрати. Оние кои се целосно лишени од витамини и растителни влакна. Честото консумирање на оваа храна во големи количини може да доведе до воспаление, кои ги разградуваат колагенот и еластинот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top