Иницијативата на еврокомесарот за проширување Штефан Филе за трилатерална средба во која би се вклучиле шефот на грчката дипломатија Димитрис Аврамопулос и министерот за надворешни работи Никола Попоски е добра за надминување на спорот за името кој ја блокира евроинтеграцијата на државата.“Нема ништо лошо во тоа. Нека има почести средби, нека се среќаваат министрите. Би прифатил доколку се организира некоја средба со грчкиот премиер. Нашата намера е да бараме решение и да најдеме решение за овој проблем. Ако и нивната намера е таква, тие не би требало да одбегнуваат такви средби. Се надевам дека во иднина ќе ги има почесто и со ваков вид посредници и без посредници“, истакна денеска премиерот Никола Груевски на новинарско прашање по промоцијата на нови 12 наслови од проектот за превод на 1.000 стручни книги.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски


