В петок, 20. март, традиционално се одбележува Светскиот ден на театарот за деца и младинци, под покровителство на Меѓунардоната театарска асоцијација „АСИТЕЖ“. Годинава исто како и минатата одбележувањето на овој ден се одржува под мотото „Однеси дете в театар денеска“, акција која Театарот за деца и младинци во Скопје со децении успешно ја спроведува играјќи ги своите претстави пред полни сали задоволни и среќни деца.
По тој повод Театарот за деца и младинци, пред почетокот на претставата „Пипи долгиот чорап“, симболично ќе го одбележи овој значаен настан, со читање на светската порака.
– Инспирирани од мотото ние би сакале приходот од влезниците да го донираме на оние деца кои објективно не можеме да ги донесеме в театар, а тоа се децата и младите лица со оштетен вид од Државното Училиште Димитар Влахов. Театарот за деца и младинци покрај овој значаен настан, ќе го одбележи и Светскиот ден на театарот кој треадиционално се одбележува на 27 март, кога на нашиот репертоар е претставата „Убавицата и ѕверот“ а приходот исто така ќе биде дониран за истата цел – соопштија од Театарот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Театар за деца и младинци ќе го прави првиот македонски мјузикл за деца
-
Кренаре Невзати- Кери го постави Шекспир за деца во Театарот за деца и младинци
-
Театар за деца и младинци ја подготвува претставата „Сонот на Вилијам“ посветена на Иван Ивановски (фотогалерија)
-
Стотта изведба на „Цветната улица” на Театарот за деца и младинци