Во 90-тите години тие беа на врвот на славата. Голем дел од заработените високи хонорари ги инвестираат во луксузни имоти.
Погледнете каде живеат денес некои од најголемите ѕвезди на 90-тите години:
Метју Пери
Пери секогаш ќе биде запаметен како Чендлер од „Пријатели“. Минатото лето тој го објави за продажба својот дом во Малибу. Бараната цена е 12,5 милиони долари. Пери има уште неколку куќи кои ги купил во последните години.
Кортни Кокс
Моника од „Пријатели“ во 2013 година со нејзиниот веќе поранешен сопруг Дејвид Аркет, го објавија за продажба домот во Беверли Хилс, во кој живееја додека беа пар. Домот е дизајн на Квинси Џонс и има прекрасен поглед кон Лос Анџелес.
Џенифер Анистон
Анистон и Џастин Теру живеат во Бел Ер. Додека го реновираа домот, тие се преселија во изнајмена куќа за 40 000 долари месечно во Беверли Хилс.
Дејв Наваро
Наваро е познат од рок групата „Jane’s Addiction“, која беше на врвот на славата во 90-тите. Ова е неговиот дом од ергенските денови во Холивуд. Станот се продаде оваа година за 795 000 долари.
Тони Брекстон
По два банкрота, оваа година Брекстон успеа да купи куќа во Калабасас со површина 460 квадратни метри.
Били Бланкс
Бланкс е креаторот на Тае Бо. Револуционерниот фитнес систем му донесе светска слава и милиони и тој купи убава палата во Хиден Хилс. Во неговиот дом има водопад, куќа за гости и место за јавање.
Мег Рајан
До минатата година таа живееше во оваа викторијанска куќа, но веќе ја продава. Цената за која се продава е 8.995 милиони долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.