Црногорскиот парламент синоќа усвои уставни амандмани според кои до 10 години затвор може да добијат граѓаните на Црна Гора, кои учествуваат во воени дејствија во стренство или кои организираат заминување на платеници за учество во воени активности во странство, јави ТАСС.
Казна од две до 10 години затвор е предвидена за членови на воени или паравоени формации во странство, како и за тие што врбуваат, подготвуваат, финансираат или помагаат заминување од Црна Гора во борби во странство.
Слично законодавство меѓу земјите од поранешна Југославија веќе усвои Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, како и Косово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.