Голден стејт вориорс го доби дербито на двете најдобропласирани екипи во НБА-лигата против Атланта хоукс, убедливо со 114-95. Пресметката помина во апсолутна доминација на екипата од Западната конференција, која уште во првото полувреме стигна до двоцифрена позитива, за потоа да не им дозволи на „јастребите“ да се вратат во мечот. Атланта го задржа Стефон Кари на 16 поени, но затоа расположени за игра беа Барнс со 26 и Игудала со 21 постигнат поен. Патем, вториот олстар-играч кај воините, Клеј Томпсон, не настапи, што не го спречи составот од Сан Франциско да го добие дербито.
Перо Антиќ постигна три поени за порзаениот тим и сите три од линијата за слободни фрлања. Голден стејт сега има резултат од 54 победи и 13 порази сезонава, наспроти 53 победи и 15 порази на Атланта.
Шампионот Сан Антонио експресно се рехаблитираше од неочекуваниот пораз од Њујорк никс, славејќи со 114-103 на гостувањето против Милвоки. Дени Грин ги предводеше „мамузите“ со 20 поени, пред Данкан со 19, Диа со 18 и Тони Паркер со 15 постигнати поени.
Расел Вестбрук со 36 поени беше лидер на тимот на Оклахома во победата над Бостон, со што оваа екипа остана во игра за осмото место на Западот и пласман во плејофот.
Резултати: Голден стејт – Атланта 114-95, Мајами – Портланд 108-104, Кливленд – Бруклин 117-92, Филаделфија – Детроит 94-83, Чикаго – Индијана 103-86, Милвоки – Сан Антонио 103-114, Торонто – Минесота 105-100, Оклахома – Бостон 122-118, Далас – Орландо 107-102, Сакраменто – ЛА клиперс 105-116, Јута – Вашингтон 84-88.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.