Кошничката со чијашто помош се мери стапката на инфлација во Велика Британија, оваа година претрпи интересни измени. Имено, од кошничката се исфрлува храна бидејќи мора да се направи место за производи од модерната технологија.
Во кошничката се додадени електронските цигари и слушалки за мобилен телефон, додека јогуртот и замрзнатата пица не го најдоа своето место, објави „Би-Би-Си“. Дополнувањата се дел од ревизијата на кошничката, која Кабинетот за национална статистика ја прави секоја година. Оваа кошничка моментно содржи 703 артикли и услуги, од кои 13 се нови, од оваа година, откако осум беа исфрлени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.