| четврток, 6 декември 2018 |

Трето вештачење за сообраќајката на Алачки

alacki denes

Истрагата за тешката сообраќајна несреќа во која на 8 октомври минатата година, на крстосницата на улиците Франклин Рузвелт и Руѓер Бошковиќ во Скопје, учествуваше фолк-пејачката Андријана Алачки, при што загина 76-годишниот скопјанец Киро Д., заглави со вештачењето.

Од Основното јавно обвинителство Скопје за случајот со сообраќајката со жртва за „Вест“ велат дека во текот на истрагата, за овие пет месеци биле направени две вештачења, едно по наредба на Обвинителството, а друго по барање на семејството на починатиот. Но двете вештачењата, појаснуваат од Обвинителството, во одредени делови се разликувале и поради тоа ќе се прави трето супервештачење. Што покажало првото, а што второто приватно вештачење, во интерес на истрагата од Обвинителството, не откриваат. 

Сообраќајката, alackiii-500според полицијата, се случила околу 16 часот и 30 минути. Тогаш фолк-пејачката Андријана Алачки, со нејзиниот автомобил „ауди А 4“ удрила во седумдесет и шестгодишниот Киро Д. и тешко го повредила. Со возило на Итната медицинска помош пешакот бил префрлен во болница каде што подоцна починал. За да се утврдат причините за смртта, телото на скопјанецот беше предадено на обдукција во Институтот за судска медицина и криминалистика во Скопје. По завршување на истрагата, Обвинителството ќе реши дали ќе подигне обвинение против Андријана Алачки и за кое кривично дело ќе ја гони фолк-пејачката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top