Утре, 20.03.2012 година, во 23 часот и 45 минути пристигнува пролетта. Тој ден, на целата земјина топка, денот и ноќта траат приближно подеднакво, по околу 12 часа. Всушност поради влијанието на атмосферата и прекршувањето на сончевите зраци низ неа, денот ќе трае за околу 10 минути подолго.
Пролетта завршува на 21 јуни, кога во 17 часот и 38 минути на северната полутопка почнува летото, а овој ден е познат како летен солстициум или летна долгоденица. Значи од утрешните нешто повеќе од 12 часа, постепено до 21 јуни денот ќе се зголемува до 15 часа, а ноќта ќе се намали на само 9 часа. Во исто време, додека на северната хемисфера утре почнува пролет, на јужната пак започнува есента и таму ноќите ќе стануваат подолги од деновите исто така до 21 јуни. Во истиот ден (петок, 20.03), преку ден ќе го следиме делумното затемнување на Сонцето над Европа и над Македонија (тоталното ќе биде само во крајните северни-арктички островски области), а преку ноќта е феноменот на Супермесечина.
Според тоа, следните 3 месеци или поточно 92 дена може да уживаме во пријатните пролетни денови. Всушност, според прогнозите, веќе од 25 март ќе дојде до позначително затоплување со дневни температури повисоки од 20 степени. Топлото време особено ќе биде изразено во месец април.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.