| четврток, 6 декември 2018 |

Матичните не отстапуваат од воведување на партиципација и поголема капитација

maticni lekari

Зголемување на капитацијата која сега е 50 денари и воведување на влез кај матичен лекар, односно партиципација. Ова се круцијалните барања на матичните лекари во преговорите со ФЗОМ за новите анекси. Како што стои на веб страната на ЗПЛРМ, тие го информираат членството дека понудените анекс верзии такви какви што се, не се прифатливи. Преговарачките тимови ќе продолжат да преговараат, а покрај капитациониот бод и плаќањето за преглед, ЗПЛРМ бара и зголемување на буџети за специјалистички ординации. Исто така во круцијалните барања се и казнената политика да биде на просечна плата или фиксна, 200 со 400 евра. Не  прифаќаат казни на капитација. Бараат и сумата за лекови да е цела и да не се двои на антибиотици и анксиолитици со хронична терапија.

ЗПЛРМ изминатиот период на двапати бараше воведување на партиципација кај матичен. Образложението им беше дека имаат премногу работа а капитациониот бод не е променет со години. Многу пациенти и гужви во ординација и зголемени трошоци за административни и технички работи. Здравствените власти не ги прифатија ваквите барања на лекарите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top