| четврток, 6 декември 2018 |

Во Каратманово ќе се прогласи епидемија од туларемија?

gluvci

Официјално во Македонија се потврдени 13 случаи на туларемија. Најголем број се од Каратманово и Лозово. Матичните лекари од овој регион бараат нови сомнителни случаи. Здравствените власти будно ја следат состојбата со ова заразно заболување.

Утре повторно ќе заседава Комисијата за заразни заболувања. Не е исклучена можноста од прогласување на епидемија во Каратманово.

-Денеска нема нови случаи. Има таква можност од прогласување на епидемија, да видиме како ќе се одвива состојбата и ќе има ли нови заболени, изјави Никола Тодоров, министер за здравство.

Епидемиолозите велат дека дел од заболените бактеријата ја имале подолго време. Мислеле дека имаат грип бидејќи и туларемијата има слични симптоми. Меѓу заболените има и млади од 19 години како и постари на 73-годишна возраст.

На Клиниката за инфективни болести е хоспитализирана само една пациентка која според лекарите е во добра здравствена состојба.
Изминатите 25 години ова заболување било регистрирано само двапати. И во двата случаи во беровско и гостиварско била прогласена епидемија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top