Откако повеќе илјади демонстранти излегоа на улиците на германскиот град Франкфурт и се судрија со полицијата, беа уапсени најмалку 550 лица а повредени се 94 полицајци.
Демонстрантите сакаа денеска да изразат негодување поради отворањето на Европската централна банка во тој град. Некои од нив почнаа да ги палат автомобилите, гумите и контенјерите на улицата кога се судриле со полицијата.
Густ облак од чад се надвисна над градот, а оштетени се бројни објекти во центарот.
Полицијата продолжува да ги апси демонстрантите, а многу од нив уште се наоѓаат на улиците.
– Нападнати сме со камења и спрејови – изјави портпаролот на полицијата на Франкфурт.
„Би-би-си“ наведува дека се повредени и бројни демонстранти, но за сега нема точни информации за бројот на повредените.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Рама гаѓан со чевел: Го нападнале демонстранти, полицијата спречила поголем инцидент (Видео)
-
Спречен терористички напад во Франкфурт
-
25.000 евра плата: Може да аплицираат и Македонци за оваа работа во Германија
-
Јане Алтипармаков и Наташа Гелева на ретроспективната изложба „2001-Вселенска Одисеја“ во Франкфурт






