| четврток, 6 декември 2018 |

На кејот на Вардар: Доберман спасил две жени од разбојници

European_Dobermann

Доберман спасил две жени од разбојници кои ги нападнале додека шетале по кејот на Вардар во скопската населба Аеродром, пишува весникот „Дневник“.

– Забележав дека разбојниците ги следат двете жени и во еден момент им ги грабнаа чантите. Тогаш јас го фрлив топчето за тенис, со кое игра Ајк и му реков – мачка! Тој се вдаде в трк кон разбојниците, тие се уплашија и почнаа да бегаат, ги фрлија чантите и од страв мораа да скокнат во Вардар, раскажува Борче Божинов, сопственик на кучето- херој.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top