| четврток, 6 декември 2018 |

Холандски компании ќе се запознаат со можностите за инвестирање во Македонија (фотогалерија)

GRuevski vo Holandija

Владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски денеска ќе престојува во Хаг, Холандија, каде пред повеќе големи холандски компании ќе ги презентира можностите за инвестирање и поволностите што ги нуди државата  за водење бизнис.

Во составот на македонската делегација се и министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции Џери Наумоф и заменик директорот на Агенцијата за привлекување странски инвестиции Климент Шекеровски.

gruevski

Бизнис форумот се организира во соработка со холандскиот Совет за промоција на трговијата и Светскиот трговски центар на Холандија.

Неколку холандски компании веќе имаат инвестирано во Македонија и имаат позитивно искуство од развојот на своите бизнис планови што покажува дека постои значителен потенцијал и интерес за зајакнување на инвестициската соработка и трговската размена во неколку области како што е туризмот, земјоделството, текстилната и технолошката индустрија.

gruevski vo holandija2

Холандија е една од најразвиените европски економии со многу можности за соработка. Република Македонија и Холандија во последните неколку години имаат нагорен тренд на развој на економските односи и позитивна трговска размена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top