Грција има се помалку време, изјави денеска на прес-конференција во Берлин германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, говорејќи за новиот германски план за трошење на пари од државниот буџет, Шојбле рече дека времето тече за Грција, која не сака нова трета по ред програма за штедење и се обидува да издејствува нови услови за спроведување на мерките наметнати од „тројката“.
– Имаме чувство дека сите што се занимаваат со ова прашање го делат мислењето дека времето за Грција истекува. Тие очигледно имаат одредени проблеми, изјави Шојбле.
Тој пред една недела беше остро нападнат од грчкиот министер за одбрана Панос Каменос, кој го обвини дека намерно ги „загадува грчко германските односи“.
Ваквата реакција на Каменос, уследи откако Шојбле го смени ставот за т.н. „грекзит“ и изјави дека излезот на Грција од еврозоната веќе не е невозможна опција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција


