| четврток, 6 декември 2018 |

Како изгледа новиот хеликоптер на Доналд Трамп (фото)

mp1

Доналд Трамп има не само приватен авион, тој има приватна флота. Покрај огромниот авион „Boeing 757“, Трамп располага и со неколку лични хеликоптери.

Тој од неодамна е сопственик на хеликоптер „Sikorsky S -76“, кој е најлуксузниот модел на производителот, пишува CNBC.

За да го направи ентериер по сопствен вкус, Трамп го најмил најпознатиот Ерик Рот од „International Jet Interiors“ во Лонг Ајленд. Внатрешноста на авионот на Трамп е исто така дело на Рот, кој работел за него во 2011 година.

mp2

Кога Трамп го купил хеликоптерот (втора рака) „Sikorsky“, тој му се јавува на Рот, за да ја реновира внатрешноста на хеликоптерот. Половните хеликоптери Sikorsky S -76 вообичаено се продаваат по цени меѓу 5 и 7 милиони долари. За да ја реновира внатрешноста, Трамп најверојатно потрошил уште најмалку 750 000 долари.

Целиот ентериер е исполнет со орнаменти од 24 каратно злато.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top