Напаѓачот на Барселона Уругваецот Луис Суарез со нетрпение го очекува неделното издание на „Ел Класико“ кое се игра на Камп Ноу.
И покрај тоа што Барселона вечерва го игра реванш натпреварот од осминафиналето во Лигата на шампионите на домашен терен против Манчестер Сити, Суарез со мислите веќе е насочен кон големото дерби со Реал Мадрид.
– Во „Ел Класико“ мора да уживаме во играта и да се обидеме да победиме. Таков меч значајно ќе ја подигне самодовербата во клубот. Се надевам дека инавивачите ќе уживаат во натпреварот – изјави Суарез за шпанските медиуми.
Тој се осврна на дуелот од 2010 година кога како гледач присуствувал на еден таков дерби дуел во кој славеа каталонците со 5-0.
– Се сеќавам на тој натпревар затоа што бев на стадионот. Тоа се тие моменти во животот кои засекогаш ќе бидат врежани во сеќавањето – додаде Суарез.
Ургуваецот се осврна на играта на противникот и потенцираше дека ги знае слабостите на Реал Мадрид и ќе се обиде да ги искористи, но напомена дека и ова „Ел Класико“ е посебен како секој претходен.
– Ова е како финале затоа што секој натпревар против Реал Мадрид е секогаш таков. Се игра со полн интензитет и сила. Се може да се случи но веруваме во себе и се надеваме на поволен резултат – истакна Уругваецот.
Поранешниот фудбалер на Ајакс и Ливерпул в недела ќе го одигра првото „Ел Класико“ во неговата кариера на стадионот на Барселона и поради тоа е премногу возбуден.
– Не сакам да размислувам за тоа. Сакам само да се сконцетрирам и да одиграм најдобро што можам. Затоа што ова ми е прво дерби на Камп Ноу не уживам како што треба, но ќе се обидам да се опуштам и да дадам се од себе – заврши Суарез.
Тој ова лето премина во редовите на каталнскиот гигант од Ливерпул и одигра 18 натпревари на кои постигна седум голови а има реалзиирано и девет асистенции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.