На само 11 години во далечната 1980 година Ненад Костиќ дебитираше во познатиот филм „Ко то тамо пева“.
На почетокот на 90-тите години Ненад бил диџеј, потоа станал полицаец, за на крај да стане возач во белградското јавно сообраќајно претпријатие, каде вели дека патниците го препознаваат и се шегуваат дофрлајќи му „Вози, Мишко“.
Неговиот чичко, кој во филмот свири хармоника, во 1980 година го повикал со него да снима филм. Му објаснил дека сакал да му помогне на неговиот другар од војска Слободан Шијан, кој го режираше филмот и кој воедно бил негова дипломска.
Ненад никогаш не научил да ја свири култната песна, па во сцените е користен плејбек.
Целиот филм е снимен за само 26 дена, а Ненад добил хонорар од тогашни 1,5 милиони динари, што не било доволно ни да се купи ново „фиќо“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.