Голем бетонски крст со височина од 13 метри ќе биде поставен на крајбрежјето на реката Лепенец во населбата Волково.
Според најавите, неговата површина ќе биде целосно осветлена, а ќе се постави на местото каде што секоја година се фрла крстот за празникот „Богојавление“. Просторот околу него ќе биде разубавен со зеленило, клупи, патеки и со фонтана. Изработката на крстот е пред самиот крај, а свештеници од МПЦ вчера го осветија камен-темелникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.