| четврток, 6 декември 2018 |

Рамала: Изборните резултати во Израел го убија мировниот процес

Палестинската автономна област ќе го забрза процсот за поднесување тужба на Израел пред Меѓународниот кривичен суд (МКС) поради резултатите од израелскиет избори, изјави палестинскиот главен преговарач Саеб Еракат, јави ДПА.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој ќе треба да формира нова влада, изјави дека е против палестинска држава, изјави Еракар.

– Сосема е јасно дека нема партнер во Израел за мировниот процес. Сега е јасно дека израелското општетсво поддржува убивање на мировниот процес, погребување на решението со две држави и продолжување со диктати и градење населби, нагласи главниот палестински преговарач.

Еракат изјави дека изборните резултати во Изарел ја оправдуваат палестинската дипломатска стратегија за пристапување кон МКС и други меѓународни договори и организации.

– Меѓународната заедница, особено САД, сега треба да престанат да се однесуваат кон Израел како држава над законот, изјави Еракат, за радио „Гласот на Палестина“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top