| четврток, 6 декември 2018 |

Во случај на војна, 38 отсто Македонци подготвени да се борат

VMRO tribina 7 (Custom)

Триесет и осум проценти од граѓаните на Република Македонија се подготвени да се борат доколку земјата е во војна, наспроти 25 проценти од граѓаните на државите од Западна Европа.

Oва го покажуваат резултатите од глобалното истражување спроведено во 64 земји, од страна на ВИН/Галуп Интернешенел, со вкупно 62.398 испитаници, меѓу кои и во Република Македонија, во ноември 2014 година од истражувачката агенција БРИМА, членка на ВИН-ГАЛУП Интернешнл и дел од ТНС.

Истражувањето покажува дека има разлики во подготвеноста на граѓаните за одбрана на својата земја во нашиот регион. Така Бугарија е на најниско ниво со 25 проценти, па Македонија со 38, Србија со 46, Грција со 54 проценти, Босна и Херцеговина со 55 и како најподготвени за одбрана на својата земја се граѓаните на Косово со 58 проценти.

Според резултатите од истражвуањето направено на терен во текот на септември – декември 2014 година, во секоја земја, со анкетирани 1000 мажи и жени лице в лице, забележителна е значителна разлика во однос на ставовите на граѓаните во земјите од Источна и од Западна Европа. Два пати повеќе испитаници од Источна Европа односно 54 проценти се подготвени да се борат за својата земја во однос на оние од Западна Европа кои се 25 проценти. Сепак, најзабележителна е разликата кај земјите од Среден Исток и северна Африка, кои во 83 проценти покажуваат подготвеноса за борба за сопствената татковина.

На глобално ниво, 52 отсто од жените испитаници во ова истражување се подготвени да се вклучат во одбрана на својата земја во случај на војна, во споредба со 67 проценти мажи.

Во Македонија таква подготвеност искажале 33 проценти од жените и 43 отсто од мажите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top