Синоќа во Единбур почина професорот Греам Рид, кој својот работен век го помина на Катедрата за англиски јазик и книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.
Рид ќе остане запаметен како извонреден стручњак и познавач на англискиот јазик, англиската книжевност и култура.
Тој ја задолжи нашата култура со извонредните преводи на англиски јазик на дела од македонската книжевност, особено со извонредниот препев на „Сердарот“ од Глигор Прличев кој се вбројува во самиот врв на уметничкиот превод.
Како признание за неговиот продонес во наставната дејност на Унивезитетот “Св. Кирил И Методиј” му беше доделена диплома на почесен професор Honoris Causa.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


