Безживотно тело на човек било пронајдено вчера во непосредна близина на струшкото село Драслајца.
Телото било пронајдено околу 17 часот, во месноста викана „Дупки“ покрај реката Сатеска.
– Увидот беше извршен во присуство на јавен обвинител и полициски екипи од струшката полиција и СВР Охрид. По наредба на јавен обвинител, безживотното тело е испратено на обдукција во Судска медицина во Скопје со цел да се утврди идентитетот – информира портпарлот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Телото кое било во фаза на распаѓање го забележал случаен минувач по што веднаш ја известил полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.