| четврток, 6 декември 2018 |

Синиша Михајловиќ на мета на Наполи

По добрите игри на Сампдорија оваа сезона во Серија А лигата многумина успехот на тимот од Џенова го препишуваат на тренерот Синиша Михајловиќ. Покрај доброупатените фудбалски стручњаци и фудбалерите се задоволни од работата на Србинот на клупата.
Поради добрите резултати многу големи клубови се заинтересирани да го доведат поранешниот селектор на Србија во своите редови.
Последниот тим кој се вклучи во трката за Михајловиќ е Наполи. Најголем конкурент кога се работи за италијански клуб ќе му биде Рома која и покрај големите вложувања во тимот не ги постигна очекувањата и на 11 кола до крајот заостанува големи 14 бодови разлика во однос на неприкосновениот Јувентус.
Сепак претседателот на Сампдорија, филмскиот продуцент Масимо Фереро ги подгреа шпекулациите дека на Наполи им се допаѓа работата на Михајловиќ.

– Синиша? Наполи навистина го посакува – кратко изјави Фереро.

Стратегот на Наполи Рафа Бенитез на крај на оваа сезона се чини дека ќе ја напушти клупата на наполитанците и со тоа челниците на клубот сериозно се заинтересирани за услугите на српскиот стратег.
На прашањето дали можеби би дошло до смена на тренерите меѓу Сампа и Наполи, претседателот Фереро имаше спремен одговор.

– Јас не знам шпански јазик, така да Бенитез неможе да никогаш да биде тренер на Сампдорија. Јас дури не ни знам англиски, а слабо зборувам и италијански – заврши Фереро со насмевка на лицето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top