Дури и во најдобрите бракови по извесно време сексот неретко станува досаден и неиновативен. Двојките често се одлучуваат овој проблем да го игнорираат, па тој со време станува се поголем и поголем, но вистина е дека ова може да се реши со три едноставни чекори.
Превземете иницијатива
Доколку се свесни дека нешто не чини, следниот логичен чекор е да се обидете тоа да го исправите. Превземете ги работите во своите раце и најдете решение. Покажете што ви се допаѓа и испробајте нешто ново, а резултатот е дека ќе се чувствувате подобро, а следниот пат затворете му ги очите и правете нешто што никогаш не сте го правеле, а од секогаш сте сакале.
Разговарајте за тоа
Знаеме дека ова не е најпријатната тема за разговор, но ќе се изненадите колку добро ќе се почувствувате откако искрено ќе разговарате со партнерот. Признајте дека имате проблем и потоа обидете се заедно да најдете решение. На крајот на краиштата секоја добра врска е изградена токму со искреност.
Не плашете се од играчки
Секси играчките и потаму се прилично табу тема, но не мора сите да знаат што правите вие во спалната соба. Искусните двојки кажуваат дека токму овие помагала им го спасиле сексуалниот живот, затоа не срамете се и посетете го секси-шопот во близина.
Меѓутоа, не е тајна дека мажите не ги сакаат вибраторите, бидејќи тие на нив гледаат како на некој вид закана. Затоа е најдобро заедно да одберете некоја играчка која на двајцата ќе ви се допаѓа
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.